Home » Фудбалската асоцијација на Англија го суспендираше Компани

Фудбалската асоцијација на Англија го суспендираше Компани

by Lina Muslija

Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е суспендиран и казнет поради црвениот картон што го доби на натпреварот со Челси.

Барнли освои бод на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од 30. коло на Премиер лигата.

Белгиецот беше исклучен во 43. минута поради протестирање поради исклучувањето на Лоренцо Асињон, кој доби втор жолт картон за изведување на пеналот од кој потоа „сините“ дојдоа во водство.

Компани потоа дополнително го критикуваше судењето во Англија, велејќи дека арбитрите не биле на потребното ниво.

Поради ова тој е казнет со суспензија до два натпревари, а ќе плати и парична казна од 10.000 фунти.

Санкцијата му е изречена само еден ден откако наполни 38 години.

Компани ќе отслужи еден натпревар од суспензијата веднаш – кога Барнли ќе му гостува на Брајтон на следниот натпревар, додека остатокот од казната ќе биде условно отслужен до крајот на годината.

Барнли е на 19. место на табелата со 19 бодови, додека Нотингем Форест е прв над зоната за испаѓање со 25.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More