Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Рафаел Леао, против Лацио одигра уште еден одличен натпревар, но на социјалните мрежи го исмеваат поради прославата на головите.
Милан синоќа го растури Лацио во натпревар каде апсолутно доминираа и победија со 4:0, а Леао имаше комична реакција.
Најкомичниот детал, кој сега навивачите го исмеваат, беше кога Милан постигна гол, а Леао беше премногу возбуден. Тој реши да скокне над Тео Ернандез, но поради тоа што имаше лоша процена, падна на земја, при што предизвика прво комичен момент кај своите колеги, а потоа и на социјалните мрежи.
Леао дефинитивно знае да претера при прославата, но од друга страна не можат навивачите и да му замерат, бидејки тој е еден од ретките што така со полна страст ги слави головите.