Home » Фудбалерите на Интер добија два милиони евра бонус за осминафиналето во ЛШ

Фудбалерите на Интер добија два милиони евра бонус за осминафиналето во ЛШ

by Журнал.мк

Сопственикот на Интер, Стивен Џан, им го исплати на фудбалерите на италијанскиот тим првиот бонус оваа сезона, како награда за добрите настапи во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и пласманот во осминафиналето, јавија денеска локалните медиуми.

Интер обезбеди пласман во нокаут фазата во елитното натпреварување, откако по воведните четири кола освои десет бодови, колку што има и првопласираниот Реал Сосиедад во групата Д.

Весникот „Газета дело спорт“ објави дека сопственикот на Интер телефонски разговарал со играчите по триумфот против Салцбург (1-0) во средата вечер за да им го честита пласманот во осминафиналето и да ги награди со бонус од два милиони евра за првиот голем успех оваа сезона.

Тренерот Симоне Инзаги е награден и за добрата ротација во тимот што, според Џан, придонело фудбалерите да се подготвени и за натпреварите во италијанското првенство.

Интер е лидер во Серија А по 11. кола со 28. бодови, два повеќе од второпласираниот Јувентус и шест повеќе од градскиот ривал Милан на третото место.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More