Македонските фудбалски репрезентативци тргнаа на пат кон Вагар на Фарските Острови, каде ги очекува пресметка со домашната селекција за старт на новото издание од Лигата на Нации.
„Црвено-жолтите“ во одлична атмосфера тргнаа на долгото патување, решени да го остават зад себе разочарувачкиот последен квалификациски циклус и со позитивна енергија да се обидат да стигнат до нов успех.
Желбата на сите е јасна, победа и три бода со кои уште повеќе ќе се зголеми самодовербата пред наредниот меч со Ерменија, но и ќе се истакне кандидатурата за освојување на прво место во групата.