Home » ФСБ: Уапсен милитант во Дагестан, призна дека доставувал оружје за терористите

ФСБ: Уапсен милитант во Дагестан, призна дека доставувал оружје за терористите

by Журнал.мк

Еден од милитантите уапсени во неделата во Дагестан денеска изјави дека ги снабдувал со оружје терористите што ја нападнаа концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, а видеото од неговото признание го објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Тој рече дека оперативците заплениле две автомата „калашников“ и 460 парчиња муниција од неговата куќа.

„Им донесов оружје на момците што го нападнаа ‘Крокус сити хол’ во Москва“, пренесува „РИА новости“.

Тој додаде дека им помагал на напаѓачите на „Крокус сити хол“ и со пари и со оружје. Централниот оперативен центар на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) претходно објави дека милитантите уапсени во Дагестан учествувале во финансирањето и обезбедувањето средства на сторителите на нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, а подготвувале и терористички напад во Каспијск.

„На 31 март 2024 година ФСБ на Руската Федерација во Република Дагестан ги потисна активностите на терористичка ќелија составена од четворица странски државјани, кои подготвуваа терористички акт во Каспиското Море на места за масовно собирање луѓе. Криминалците ја извидувале областа, направиле импровизирана експлозивна направа и набавиле автоматско оружје. Утврдено е и дека приведените милитанти биле директно вклучени во финансирањето и обезбедувањето средства на извршителите на терористичкиот акт на 22 март 2024 година во концертната сала ‘Крокус сити хол’ во Москва“, се вели во соопштението.

Се нагласува дека имале намера да ја напуштат Русија веднаш по терористичкиот напад. 144 лица загинаа во терористичкиот напад во Москва на 22 март.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More