Home » Фрчковски во Аргумент плус: Полицијата имала обврска да ја провери употребата на пиротехника

Фрчковски во Аргумент плус: Полицијата имала обврска да ја провери употребата на пиротехника

by Журнал.мк

Професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во Аргумент плус рече дека одговорни за внесувањето и употребата на пиротехниката во дискотеката во Кочани се полицајците.

Според него, тие требало да го конторлираат тој цел процес на употреба и давање дозвола за користење во затворен простор.

Одговорноста е директно поврзана со случајот и околу нас се одговорните лица кои дозволиле тие пиротехнички средства да се запалат, морало да се даде дозвола за употреба. Тука е одговорна полицијата. Тие имаат должност да дознаат бидејќи настанот е од таков тип и треба да има анализа на настанот. Полицијата тоа секогаш го прави. Да претпоставиме дека дискотеката имала легална лиценца и повторно не смее да се запали внатре и повторно можело да настане трагедија и со легална лиценца. Тука е одговорно МВР. Тие треба да влезат и да забранат употреба на било што. Независно кој ги донел матријалите, може да се купени или донесени, МВР е задолжено да го блокира тоа и да види дали има злоупореба внатре, дозволата е страничен доказ дека местото не е океј. Нема кривична пријава за тоа. На пресот на Јавниот обвинител има за се друго но нема за злоупотребата и не давањето дозвола за пиротхнички материјал. За тоа е одговорно министерството“, рече Фрчковски.

Тој објасни и дека оваа ситуација ќе биде залепена на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа ситуација трагедијата ќе биде залепена на оваа влада и тие мислат дека со ова хистерично удирање насекаде ќе ја тргне одговорноста но ќе биде залепено за нив. Не може вината да ја префрлат на друг. Смешни се овие слики дека премиерот е Св Ѓорѓија кој ја убива аждајата односно корупцијата“, додаде Фрчковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk