Home » Францускиот амбасадор се сретна со Тошковски, Буши и Бојмацалиев

Францускиот амбасадор се сретна со Тошковски, Буши и Бојмацалиев

by Журнал

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, денеска остварија работна средба со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, информираат вечерва од МВР.

На средбата, Тошковски упатил благодарност за соработката меѓу полициските органи на двете држави, како и за целокупната поддршка од страна на Амбасадата на Француската Република, особено во делот на обуките за полициските службеници.

– На прашање на амбасадорот Бомгартнер, министерот Тошковски го запозна за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат. Во таа насока, улогата на МВР е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето фер и демократски изборен процес. Во тој контекст, министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки осумте раководни работници на Секторите за внатрешни работи да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје, пишува во соопштението.

Тошковски ги образложил преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење лични документи, со цел, „граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ“. Во тој контекст, тој укажал и на почитување на правните процедури во „однос на рокот на важност на патните исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните“.

На средбата, амбасадорот Бомгартнер ја потенцирал досегашната соработка со МВР и детално ги нагласил проектите, обуките и експертите каде Француската Република дава главна поддршка, со цел јакнење на капацитетите на македонската полиција.

– Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со Француската Република, особено во делот на заедничките обуки за вработените во МВР. Воедно, нагласи дека раководството на МВР во овој состав на техничката Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијание, со што се потврдуваат заложбите за организирање фер и демократски избори, се додава во соопштението на МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More