Home » Француски слаткари направиле торта од јагоди долга 121 метар

Француски слаткари направиле торта од јагоди долга 121 метар

by Журнал.мк

„Вооружени“ со 4.000 јајца и камион со шеќер и слатка павлака, француските слаткари во средата ја завршија 121,8 метри долгата торта со јагоди, за која тврдат дека е најдолга на светот.

Јусеф Ел Гату собра тим од 20 готвачи за колачи за да го создаде ова ремек дело од 1,2 тони. Им требаше една недела да ја направат тортата, а таа е изложена на масите во лизгалиштето во Аргентеј, предградие на Париз, за ​​жителите да ја видат.

Овој подвиг го надмина претходниот рекорд – 100,48 метри долга торта со јагоди направена во италијанскиот град Сан Мауро Торинезе во 2019 година.

За деликатесот на Ел Гату се употребени 350 килограми јагоди, 150 килограми шеќер и 415 килограми слатка павлака.

За да влезе во конкуренција за Гинисовата книга на рекорди, деликатесот мораше да биде висок и широк најмалку осум сантиметри. Логистиката беше толку напорна што тимот мораше да користи воздушни грејачи за да ги загрее садовите за шлаг, откри сопругата на Ел Гату, Надија.

Ел Гату изјави дека уште како дете сакал да го собори рекордот.

Жителите на Аргентеј, кои дојдоа да ја видат оваа висококалорична торта во средата, добија парче да понесат со себе.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk