Home » Франција се бореше, но „Дрим тимот“ го одбрани златото

Франција се бореше, но „Дрим тимот“ го одбрани златото

by Журнал.мк

Кошаркарите на САД се новите/стари олимписки шампиони, откако вечерва во финалето во Париз ја совладаа Франција со 98-87.

Американците уште од почетокот покажаа дека имаат намера да го испуштат златото. Се стекнаа со предност од +5, а до полувреме имаа веќе осум.

Во вториот дел Французите на неколку пати се обидоа да се доближат, но секогаш САД доаѓаше до шанса повторно да се одлепи. Во финишот шутот проработи кај Стеф Кари, и тоа беше погубно за домаќинот. Кари на крајот уфрли седум тројки и заврши со 21 поен.

Вембенјама беше најефикасен со 23 поени, но тоа беше слаба утеха.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More