Home » Франција по изјавата на Трамп за Гренланд: ЕУ нема да толерира напади на нејзините граници

Франција по изјавата на Трамп за Гренланд: ЕУ нема да толерира напади на нејзините граници

by Журнал.мк

Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече шефот на француската дипломатија, одговарајќи на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд.

Трамп одби да исклучи воена или економска акција како дел од неговата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд и Панамскиот канал.

„Не доаѓа предвид дека Европската унија би дозволила другите земји во светот да ги нападнат нејзините суверени граници“ изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, нагласувајќи дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров кој е дел од Данска повеќе од 600 години.

„Ние сме силен континент“, додаде тој.

Изјавите на Трамп дополнително ја илустрираа неговата експанзионистичка агенда, две недели пред неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон.

„Ако ме прашате дали мислам дека Соединетите Американски Држави ќе извршат инвазија, мојот одговор е „не“. рече Баро.

Тој порача и дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или претерано загрижена, туку да се разбуди и да се зајакне.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk