– Ќерката на Брус Вилис остро ја критикуваат, затоа што објавила фотографии со својот татко, кој страда од деменција
– Талула Вилис реагирала на критиките
Талула Вилис, ќерката на Брус Вилис, пред неколку дена објавила фотографии од неа со својот татко, познат актер, кој се бори со фронтотемпорална деменција. Поради ова, многумина ја критикуваат затоа што веруваат дека ваквите моменти требало да останат приватни, поради неговата здравствена состојба.
„Не мислам дека треба да го изложувате вашиот татко на јавноста! Тој е ранлив! Некои работи треба да останат приватни! Немате негова дозвола да го објавите тоа!“, ја прекориле ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис. Таа вала им одговорила: „Здраво. Ве разбирам. Како семејство, се потпираме на нашата проценка кога објавуваме нешто. Денес беше прекрасен ден исполнет со насмевки. Донесов свесна одлука да му го покажам тоа на светот, бидејќи знам колку тој значи за сите“.
Оние кои ја поддржуваат ќерката на Брус Вилис и Деми Мур велат: „Ти благодарам многу, убаво девојче. Дарежливо е што ни дозволи да ги видиме тие моменти, бидејќи знаеш колку го сакаме“, „Како татко можам да ти кажам дека прегратката што му ја даде беше непроценлива“.
Да потсетиме дека Брус Вилис се пензионираше од глумата во 2022 година поради дијагноза афазија, а една година подоцна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, прогресивна болест што влијае на однесувањето, личноста и говорот.
Талула Вилис претходно за E! News го изјавила следново: „Нашите средби се полни со љубов и чувствувам дека тоа е она што надминува сè. Знам дека тој знае колку го сакам, знам колку ме сака – и колку нè сака сите нас“.
Брус Вилис (70) ја доби ќерката Талула со поранешната сопруга Деми Мур, со која ги има и ќерките Румер и Скаут, која исто така објавува слики од нивниот татко. Актерот и неговата сопруга Ема Хеминг Вилис ги имаат ќерките Мејбл и Евелин. Семејството заедно се грижи за легендата на светската кинематографија.
Фото: Принтскрин/Instagram