Home » [ФОТО] „Volvo SUV“ кое никогаш не заживеа: Скиците се чувани во тајност, па објавени после половина век

[ФОТО] „Volvo SUV“ кое никогаш не заживеа: Скиците се чувани во тајност, па објавени после половина век

by Журнал

Во текот раните 70-ти, „Volvo“ добивал се повеќе на независност бидејќи од компанијата „Volvo Cars“ дошло до ќерката-компанија „Volvo Car Corporation“.

И покрај нафтената криза, шведскиот бренд имал одлична деценија кога се зборува за продажба и производство – до 1979-та година, се продавале повеќе од 310.000 автомобили годишно.

Еден модел кој не доживеал да влезе во процесот на производство, е овој „SUV“ со квадратен облик.

 

 

 

Половина век подоцна, „Volvo Heritage“ одделот објавил цртежи од тоа што требало да биде теренско возило наменето, најверојатно, за африканскиот пазар.

Моделот „XC90“ не бил „духовен наследник“ на овој несуден автомобил, бидејќи идејата била да се направи возило кое имало помалку детали, и тоа по пониска цена.

 

 

 

Како што може да се види, овој „Volvo“ е замислен да биде со облик на „кутија“, а го нацртал дизајн-менаџерот Гунар Фалк по барање на тогашниот шеф, Пер Гиленхамер, кој сакал да „се нацрта возило за земјите во развој“.

 

 

 


You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More