Home » ФОТО+ВИДЕО | Во трка за Оскар: Тимоти Шаламе откри колку килограми изгубил за улогата на Боб Дилан

ФОТО+ВИДЕО | Во трка за Оскар: Тимоти Шаламе откри колку килограми изгубил за улогата на Боб Дилан

by Lina Muslija

Тимоти Шаламе станува главен фаворит за Оскар во категоријата за најдобар актер, благодарение на неговата улога во „Целосно непознат“ „A Complete Unknown“), каде што го толкува ликот на пејачот Боб Дилан. Во рамките на својата кампања, актерот се обидува да ја истакне својата посветеност на ликот, откривајќи дека за потребите на улогата качил 9 килограми, пишува „Гардијан“.

За време на гостување во емисијата „All Things Considered“, Шаламе истакна дека, покрај тоа што посветено работел на физичките движења и однесувањето на Дилан, морал да се здебели за да се доближи до неговиот изглед.

„Го направив целиот труд… но нешто за што досега не сме зборувале – качив 9 килограми затоа што, верувале или не, бев послаб од него“, изјави актерот.

Тимоти Шаламе во филмот „Целосно непознат“ („A Complete Unknown“) / Фото: SearchlightPictures/PLANET / Planet / Profimedia

Овој аспект од неговата подготовка се смета за дел од стратегијата за Оскарската кампања, имајќи предвид дека трансформациите на актерите често носат признание во индустријата. Историјата покажува дека значајните физички промени донеле Оскари на имиња како Роберт Де Ниро, Том Хенкс и Кристијан Бејл.

Сепак, критичарите посочуваат дека, за разлика од тие примери, зголемувањето на тежината на Шаламе не е драстично видливо, ниту пак значително влијае на интерпретацијата на ликот. Дилан е познат по својата витка градба, па трансформацијата на актерот не е толку очигледна. Некои анализи велат дека кампањата на Шаламе повеќе се фокусира на создавање впечаток за посветеност отколку на реална физичка промена.

Без разлика на овие дебати, останува да се види дали гласачите на Академијата ќе ја оценуваат неговата изведба врз основа на неговиот талент и автентичност, или пак ваквите детали ќе имаат улога во конечниот избор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk