Home » [ФОТО/ВИДЕО] Внуката на Доналд Трамп покажа како изгледа авионот на нејзиниот дедо и сите се смеат поради шок детаљот во пилотската кабина: Еве што виси на стаклото додека Боингот „пука“ од луксуз и скапотија

[ФОТО/ВИДЕО] Внуката на Доналд Трамп покажа како изгледа авионот на нејзиниот дедо и сите се смеат поради шок детаљот во пилотската кабина: Еве што виси на стаклото додека Боингот „пука“ од луксуз и скапотија

by Lina Muslija

Каи Трамп, 17-годишната внука на Доналд Трамп, неодамна на својот канал на Јутјуб покажа како изгледа внатрешноста на луксузниот авион на нејзиниот дедо, познат како „Trump Air Force One“.

Внуката на поранешниот и новоизбран американски претседател се снимала во авионот додека патувала во Браунсвил, Тексас, за да присуствува на лансирањето на ракетата „SpaceX“ на Илон Маск.

Трамп го купил Боинг 747 во 2011 година, а вреди околу 100 милиони долари и е познат по луксузниот ентериер и раскошните детали, како што се безбедносните појаси кои се украсени со 24-каратно злато. Сепак, освен раскошните детали, вниманието на корисниците на социјалните мрежи го привлече и необичната фигура сместена во пилотската кабина, која го прикажува ликот на Терминатор со главата на Трамп.

 

 

 

Инаку, во авионот има софи со кадифени перничиња и плазма телевизори, како и бројни златни детали, а количината на злато во авионот наводно би можела да ја покрие целата негова надворешност.

Внуката на Доналд Трамп е родена на 12 мај 2007 година. Името го добила по нејзиниот дедо по мајка, данскиот џез-музичар Каи Еванс. Таа по изборите во Америка објави фотографии со нејзиниот дедо Трамп со кој често ужива во играњето голф, спорт за кој е многу надарена.

 

Таа неодамна стана јутјуберка, а се подготвува за студии на „Универзитетот во Мајами“. Каи му се заблагодари на Трамп за неговото големо влијание врз нејзиното образование.

Во јули оваа година таа се појави на сцената на Конвенцијата на Републиканците и на присутните им порача дека Доналд Трамп за неа е „само нејзиниот дедо“. Таа беше претставена од нејзиниот татко кој рече дека Каи првпат одржува говор. Нејзиното појавување беше многу запазено. На својот дедо му ја честиташе победата на претседателските избори во Америка (5 ноември), додека објавувањето на оваа семејна слика предизвика лавина реакции.

 

 

 

Каи е едно од десетте внуци кои ги има Доналд Трамп, а новиот американски претседател наскоро ќе добие уште еден наследник бидејќи неговата ќерка Тифани Трамп е во блажена состојба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk