Home » ФОТО+ВИДЕО | Хуман гест: Џони Деп посети деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу

ФОТО+ВИДЕО | Хуман гест: Џони Деп посети деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу

by Lina Muslija

Џони Деп (61) повторно се појави во ликот на капетанот Џек Спароу  од филмот „Пиратите од Карибите“, за да ги развесели децата во шпанската болница „Доностија“, додека присуствуваше на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија.

За време на посетата, актерот разговараше, играше и се смееше со децата на педијатриските и онколошките одделенија, а со тоа малку ги развесели во тешките моменти за нив.

 

Здравствената служба на Баскија, му се заблагодари на актерот за одвоеното време и енергија, истакнувајќи дека тој е „свеж воздух“ за целиот персонал.

 

Инаку, Деп често ги посетува болниците ширум светот за да ги расположи болните, па во 2015 година посетуваше деца во австралиска болница, а во 2018 година посетуваше болни деца во Париз.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk