Home » [ФОТО] Вака ќе изгледаат автомобилите на BMW во иднина

[ФОТО] Вака ќе изгледаат автомобилите на BMW во иднина

by Lina Muslija

Спротивно на очекувањата, новиот дизајнерски израз нема да биде строго врзан за електричните модели.

Новиот дизајнерски израз изразен преку концептите “Neue Klase” ќе ја покрие целата гама на “BMW”. Електричните модели, хибридите, како и моделите напојувани со фосилни горива, сите ќе изгледаат слично, и во склад со футуристичкиот дизајн на споменатите концепти.

 

 

Ова го откри лично Адријан ван Хујдонк, шефот за дизајн на компанијата, кој увери дека секое идно BMW, без разлика на погонската група, ќе го усвои дизајнерскиот јазик “Neue Klasse”. Секако, може да има „некои пропорционални разлики во надворешноста и малку во внатрешноста“ помеѓу моделите “EV” и “ICE”, но целокупниот „изглед и чувство“ ќе биде ист.

 

 

 

Зборувајќи за “Top Gear”, ван Хујдонк објасни: „Големиот напредок со електричните возила, овие технологии и овој дизајнерски јазик ќе се пренесат на целото портфолио на производи вклучувајќи ги и нашите возила напојувани од мотори со внатрешно согорување. Нема да биде тешко за клиентите – сите ќе добијат нови модерни “BMW” возила и ќе можат да го изберат погонот“.

 

 

Преведено, на менито ќе има различни погони, но секогаш ќе се работи за слично пакување. Прашање е само до кој степен ќе се применува. Ван Хујдонк го нагласува високотехнолошкото корисничко искуство во овие идни модели, како што е “BMW Panoramic Vision head-up” дисплејот. Другите детали за внатрешноста ќе вклучуваат неконвенционално обликуван централен екран на допир, многу футуристички контроли на воланот и еколошки пристап со широка употреба на рециклирани материјали.

 

 

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk