Ерик Мабиус, актерот од некогаш популарната серија „Грдата Бети“ (Ugly Betty), беше уапсен во четвртокот наутро на Флорида поради напад.
Ерик (53) бил приведен нешто пред 6 часот наутро и се соочува со две прекршочни обвиненија – напад и давање отпор на полицаец без употреба на насилство, според ТМЗ.
Шокантната фотографија од притворот го прикажува актерот со збунет израз на лицето, со видлива исекотина до десното око.
Мабиус е најпознат по улогата на модниот уредник Даниел Мид во серијата „Грдата Бети“. Серијата се емитуваше од 2006 до 2010 година, пишува „Дејли мејл“.

Раните филмови на Мабиус од 1990-тите ги вклучуваат „Chicago Hope“, „Party of Five“ и „Get Real“. Мабиус глумеше во серијата „Потпишан, запечатен, испорачан“ (Signed, Sealed, Delivered) на „Халмарк канал“ од 2013 година.