Ема Коронел, сопругата на мексиканскиот „крал на наркотици“, Ел Чапо Гузман, осудена е на три годишна казна затвор поради нејзината улога во наркокартелот на нејзиниот сопруг. Како што и самата призна, таа помагала во водењето на криминалното царство, коешто вреди неколку милиони долари, меѓутоа судот се согласи да ѝ ја намали казната. Како и секоја жена на нарко – бос, Ема со години беше мистерија за јавноста, а интересот за неа сè уште е огромен.
Сопругот на Ема, Хоакин Гузман, мексиканскиот нарко – бос познат како „Ел Чапо“, прогласен е за виновен, за водењето на убиствената криминална организација којашто шверцувала тони дрога во САД, и во 2019 година беше осуден на доживотна казна затвор. Членовите на организацијата на „Ел Чапо“ примале директни наредби од него, да киднапираат, малтретираат и убиваат секој којшто нему му пречеше.
Меѓутоа Ема сега е на слобода и се смета за најопасната и најверната жена на светот.
Која е Ема Коронел?
Ема Коронел Аиспуро водеше гламурозен живот во Њујорк, уживајќи во благодатите од нејзиниот брак со „кралот на дрогата“, Хоакин Гузман Лоеро.
Таа е родена во Санта Клара во Калифорнија, и ќерка е на поручникот на картелот Синалоа, Инес Коронел Барерас. Ема го запознала Гузман на локален фестивал, кога има 17 години, а Ел Чапо 51 година. Нејзиниот брак со Ел Чапо му користел на нејзиниот татко, којшто на тој начин напредувал во картелот Синалоа, но во 2016 година бил уапсен заедно со постариот брат на Ема.
По неколку години брак со Ел Чапо, Ема во 2011 година, додека била бремена, пешки ја поминала границата и пристигнала во САД, за нејзините деца да го добијат американското државјанство.
Како и повеќето водачи на картели, Ел Чапо, водел релативно скромен живот, далеку од очите на јавноста, додека пак неговата помлада сопруга го привлекувала вниманието на медиумите.
Додека Ел Чапо бил во бегство, неговата сопруга не се истакнувала, и изгледаше дека има сосема нормален живот. Се запишала на студии по новинарство и одела на предавања, а слободното време го поминувала грижејќи се за нивните ќерки. Меѓутоа откако Ел Чапо беше уапсен во февруари 2016 година, секојдневието на Ема потполно се сменило.
Негова личност од доверба
Ема беше јавна личност, претприемач, поранешна мис на убавината, но и голем чувар на својот сопруг, бидејќи токму таа била негова личност од доверба, којашто определувала кој ќе има пристап до Ел Чапо додека тој управуваше со картелот.
Ема покажа дека жените можат да заземат високи позиции и моќ во наркокартелите, но тоа исто така може да биде многу опасно, бидејќи кога се занимавате со таква работа многу е веројатно дека ќе бидете уапсени или убиени.
Како голем поддржувач на нејзиниот сопруг, Ема, во текот на секое судење беше присутна во судницата и го поддржуваше. Секогаш носеше црвен кармин, тесни пантолони и скап накит, а со своето елегантно одење го привлекуваше вниманието на присутните. Многумина беа вчудовидени од нејзината убавина и грациозност, па поради тоа Ема набрзо го доби прекарот „Дива од Синалоа“.