Софија Вергара ги почести следбениците на социјалните мрежи со атрактивно издание и на тој начин собра бројни комплименти.
Таа позираше лежејќи, а нејзините нозе беа во преден план, по што следуваа коментарите од воодушевените обожаватели.
Инаку таа неодамна раскина со хирургот Џастин Салиман, а не сакаше да открива детали. Претходно беше во брак со Џо Манганиело, но веста за нивниот развод беше објавена во јули 2023 година. Инаку Вергара неодамна зборуваше за „Е! News“ околу самодовербата во педесеттите.
„Кога ќе стасате до одредена возраст, знаете повеќе за животот. Тоа е една од забавните работи поврзана со стареењето – сфаќате што е животот, а што не е“, рече таа.
Вергара додаде дека е сосема поинаку да се старее пред камерите бидејќи сите несигурности само стануваат поголеми.
„Сакам да се чувствувам добро, но не поради тоа што луѓето ќе мислат за мене. Тоа го сакам за себе. Сакам да се чувствувам удобно, а не исцрпено“, изјави Софија.