Home » [ФОТО] Со “Volkswagen” – на нива

[ФОТО] Со “Volkswagen” – на нива

by Lina Muslija

Целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива.

Електрификацијата не напредува само во Европа, Кина и Америка. “Volkswagen Group Africa” најавува пилот-проект со електрични трактори за земјоделство во Руанда.

Преку проектот “GenFarm”, целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива.

 

 

 

Истовремено, ќе се зголеми и ефикасноста на земјоделството во земјата со тоа што тракторите ќе бидат достапни за повеќе луѓе.

Веќе во 2022 година, “Volkswagen” започна да развива електрични трактори заедно со Универзитетот во Руанда.

Сега се во тек подготовките тие да бидат достапни за поширок круг земјоделци.

 

 

 

Покрај трактори, ќе може да се изнајмуваат и електрични мопеди, а сите овие возила се полнат со помош на соларни ќелии.

„Фармерите можат да резервираат електричен трактор, како и обучен возач за достапно одржливо земјоделство“, коментира Николај Ардеј, извршен директор на Центарот за иновации на групацијата “VW”.

Засега нема повеќе информации за овој електричен трактор со ознака “Volkswagen”.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk