Home » ФОТО | Скандал го тресе данското кралско семејство: Престолонаследникот ја изневерил сопругата со ријалити ѕвездата Казанова?

ФОТО | Скандал го тресе данското кралско семејство: Престолонаследникот ја изневерил сопругата со ријалити ѕвездата Казанова?

by Журнал.мк

Данската принцеза Мери деновиве доживува вистинска драма, пишуваат таблоидите.

Во текот на посетата на Фелипе Шести и кралицата Летиција, скандал го потресе данскиот кралски двор. Принцот Фредерик, сопруг на принцезата Мери, е обвинет за прељуба.

Иако на лицето на Мери не се гледаат никакви емоции, на фотографиите се гледа одредена дистанца помеѓу неа и Фредерик, а која во минатото не се забележувала. Магазинот „Лектурас“, пред само неколку дена, објави фотографии од данскиот престолонаследник со мексиканската риалити ѕвезда Геновева Казанова.

Магазин „Лектурас“/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Атрактивната русокоса и Фредерик се „фатени“ во Мадрид каде присуствувале на изложбата на легендарниот уметник Пабло Пикасо. Славната Мексиканка набрзо ги демантираше гласините за аферата и ги окарактеризира како „злонамерни“ и невистинити.

Геновева, поранешна снаа на шпанската војвотка од Алба, за магазинот „Хола!“ негирала каква било романтична вмешаност со данскиот принц.

„Секоја изјава од овој тип не само што е невистинита, туку и погрешно ги прикажува фактите на злонамерен начин. Ова е веќе во рацете на моите адвокати кои ќе преземат соодветни чекори за да го заштитат моето право на чест, вистина и приватност“, рекла таа.

Наводно, престолонаследникот Фредерик ја посетил Шпанија за да ужива во уметнички изложби, фламенко и нови ресторани. Тој наводно планирал да присуствува на изложбата на Пикасо со негов и на Геновева заеднички пријател, но тој пријател морал да го откаже настанот во последен момент и наместо тоа ја замолил оваа Мексиканка.

Откако Геновева и Фредерик ја посетиле изложбата, тие прошетале низ паркот Ел Ретиро, а потоа вечерале во еден престижен ресторан.

И додека данската кралска двојка не се огласуваше за овие наводи и измами, а Геновева ги демантира, експертите за говор на телото тврдат дека фотографиите, сепак, откриваат одредени проблеми во бракот на принцезата Мери и Фредерик.

И двајцата, наводно, „избегнуваат контакт со очи“, а принцезата изгледа како да држи дистанца и малку напнато, додека принцот изгледа не е сигурен каков став да заземе кон својата сопруга. Џуди Џејмс, експерт за говор на телото, за „Фемаил“ понатаму наведува дека Мери „нетрпеливо си игра со бурмата“ и се однесува малку надмено, иако очигледно ја стега вилицата поради напнатоста.

Данската принцеза Мери се откажала од верата и стариот живот поради љубовта: Таа е една од најобразованите дами во кралското семејство!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More