Поради неговата големина, Шекил О’Нил има ограничен избор на автомобили што може да ги вози и често мора дополнително да го приспособува автомобилот.
Токму тоа требаше да го направи со својот нов автомобил. Иако оваа лимузина е долга пет метри, 216 сантиметри високиот поранешен кошаркар едноставно не го собирало во автомобилот. Станува збор за електричниот “Lucid Air”, еден од визуелно најуспешните електрични седани на пазарот. И најбрзите.
Ова го олеснува влегувањето и излегувањето на Шек од возилото, додека самата силуета останува препознатлива. Новина е ознаката „Дизел“ на предната страна, а заменети се и бандажите.
Не е познато која верзија на моделот била основата. Се претпоставува дека Шек не штедел и ја избрал “Sapphire” изведбата со 1251 коњски сили и досег од 687 km. Цената на обработката не е позната.