Новиот тренер на ФК Работнички, Гоце Седлоски, го одработи првиот тренинг со тимот и полека почнува да ги подготвува играчите за следните предизвици во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот со шампионско реноме пристигна кај дебармаалци и ќе има задача да оствари позитивни резултати со тимот кој во последните две кола забележа две победи и стигна до шестото место на табелата. Од екипата замина Милан Илиевски, а Седлоски пристигна веднаш по триумфот над Македонија Ѓорче Петров.
„Романтичарите“ со многу новини ќе ја продолжат сезоната, клубот неодамна доби нова сопственичка структура, тимот има нов тренер, а амбициите сигурно постепено растат и до крајот на сезоната се очекуваат уште подобри резултати. Прв предизвик за новиот тренер Седлоски ќе биде натпреварот од 15. коло во ПМФЛ, Работнички ќе се соочи со Гостивар.