Home » [ФОТО] „Се ослободи“ од Бред Пит, па сега заведува во фустан без градник: Смело издание на Анџелина Џоли

[ФОТО] „Се ослободи“ од Бред Пит, па сега заведува во фустан без градник: Смело издание на Анџелина Џоли

by Lina Muslija

Анџелина Џоли се појави на филмскиот фестивал Санта Барбара и привлече огромно внимание со нејзината модна комбинација.

Холивудската актерка со години важи за една од најубавите, но можеби и најконтроверзните актерки.

Откако и официјално се разведе, со оглед на тоа дека нејзиниот развод со Бред Пит заврши, Анџелина е посветена на кариерата, а наоѓа време и за модата.

 

 

 

 

На споменатиот фестивал таа, како и обично, се појави во наизглед едноставен фустан без намера да се истакне, но сепак го привлече вниманието на сите присутни. Имено, Анџелина избра беж фустан со шлиц од страна, а носеше и сако во истата нијанса.

 

 

Своето модно издание го заокружи со црни потпетици и со минимална шминка, но и покрај тоа беше една од најубавите и најзабележаните актерки на фестивалот.

 

Покрај шлицот од страна, кој ги истакна нејзините неверојатни нозе, фустанот имаше и изрез на грбот кој откри дека актерката не носела градник.

 

 

Анџелина Џоли и Бред Пит важеа за еден од омилените парови во Холивуд, но нивната бајка заврши неславно. Откако објавија дека се разведуваат, започнаа и правна битка околу поделба на имотот, а замокот во Франција беше особено спорен.

После сето ова, Бред среќата ја пронајде со 29 години помладата Инес де Рамон, додека за приватниот живот на Анџелина не се познати многу детали.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk