“Volkswagen” за бразилскиот претседател направи посебна, кабрилет верзија на својот “Virtus”.
Првиот човек на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, ќе има можност да се повози со овој автомобил во чие производство учествувале околу 30 работници на фабриката на “VW” во бразилската фабрика “Sao Bernardo do Campo”.

Тимот имал само шест недели за целиот проект, а концептот започнал како “озвежен” “VW Virtus” – простран и приуштив модел кој моментално се продава во Јужна Америка, Индија и Кина (но под различни имиња).

Покрај кровот, редизајниран е и задниот дел од автомобилот, а интересно е дека го нема механизмот за спуштање и кревање на кровот. Тоа што е уште поважно, продолжена е и базата на тркалата, па така патниците имаат повеќе простор за нозетет.

Специјалниот “Virtus” комбинира карактеристки кои може да се видат во “Highline” и “Exculusive” варијанта, рекле за “VW”, а екстериерот е одбработен во бискајско сина нијанса, додека ентериерот е во црна боја.

Погонскиот склоп го сочинува 1,5-литарски четирицилиндарски мотор има 148 коњски сили и 250 Nm максимален вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала, и тоа преку шестстепенски “DSG” автоматски менувач.