Рита Ора го привлече целото внимание со своето појавување на фестивалот Гластонбери, поточно главна тема беше нејзиниот моден избор.
Популарната пејачка, имаше неколку значајни изданија на Гластонбери, со кои се пофали и на социјалните мрежи.
Не е тајна дека нејзиниот изглед е секогаш главна тема, а бикинито е нејзиното омилено парче облека. Истото беше и овој пат.
Пејачката позираше во скапо бикини со потпис на брендот Burberry, чија вредност е околу 500 евра. Својата „комбинација за облека“ ја комплетираше со голем црн ремен и чизми.