“Honda” се познати по своите издржливи мотори, но се чини дека и остатокот од возилото е изработен исклучително цврсто.
Судејќи по фотографијата, “Honda Ridgeline” заслужено е добро рангирана на американскиот пазар на пикапи, каде со децении доминираат американските класици предводени од серијата “F” на “Ford”. Откако се уверивме во веродостојноста на моторите на “Toyota” во пикапите, најновиот случај покажува дека “Honda” може да се справи со огромен товар.
Фотографијата е направена на крајот на декември во Калифорнија откако локалната патрола го запрела пикапот “Honda” од очигледни причини. За време на празничната сезона често можете да бидете сведоци на, најблаго речено, необичен транспорт на елка, но овде возачот во “Honda” веројатно го купил целиот божиќен пазар. Или можеби се работи за Гринч кој решил набрзина да ги собере сите украси од маалото.
Затоа полицијата советува секогаш да го обезбедувате товарот и да внимавате да не ја надминувате носивоста на возилото. Неправилно обезбедениот товар не е само опасност за вас – тоа е опасност за сите на патот. Летечкиот отпад може да ги принуди другите возачи да преземат мерки, зголемувајќи го ризикот од сериозни сообраќајни несреќи, велат од полицијата во Калифорнија.