Полскиот специјалист за внатрешна декорација “Carlex Design” ја прошири својата дејност и на украсување на бројни премиум модели.
Моментално нивниот фокус е на класата G, за која решија да понудат четири ретро верзии од т.н. “винтиџ” серија.
Веќе имавме можност да ги запознаеме, а сега ви пренесуваме нови фотографии.
Тјунерот досега објави три предлози, додека четвртиот сè уште се чека. G-Vintage е тука, цената се уште е прашалник, а ваше е да го изберете вашиот фаворит.
Да споменеме и дека основата е и онака е скапиот “G63”, но погонот на “AMG” е “истуркан” на над 800 коњски сили и 1000 Nm.