Откако германските медиуми кон средината на април објавија дека поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ (38) и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (41) се разведуваат, очите на целиот свет се вперени во убавата Србинка. Во бракот со Швајнштајгер, таа роди три деца, синовите Лука, Леон и Тео, кој неодамна го прослави својот втор роденден.
Ивановиќ сака да објавува фотографии од себе на социјалните мрежи, но никогаш не ги покажува своите деца. Сепак, нејзината последна објава на Инстаграм предизвика доста радост кај нејзините обожаватели, пред сè поради фактот што медиумите продолжуваат да шират шпекулации поврзани со нејзиниот сопруг, како и наводи за развод.
Имено, Ана беше фотографирана во црвена облека која го истакнуваше секој дел од нејзиното тело, а во преден план беа нејзините долги нозе.
– Денес само црвена вибрација – напиша убавата Ана на својот профил.
Фотографиите предизвикаа бројни коментари. Некои го пофалија нејзиниот изглед, се восхитуваа на нејзината храброст, ја поддржаа низ нејзината наводна брачна криза и ѝ рекоа дека „заслужува подобро“ и „дека нејзините деца се на прво место“. Сепак, имаше и такви кои брутално ја нападнаа, поради нејзината тежина.
Ѝ пишуваа дека е премногу слаба, дека изгледа како скелет и дека итно треба да се здебели „ако сака да изгледа добро“.
„Анчи, многу си ослабела, не попуштај на притисокот од социјалните мрежи, нормална тежина е најдобра, ти посакувам се најдобро“, „Уф, премногу слаба“, „Ајде, дојди во нашиот Белград и јади нешто“, „Прекрасно, само треба да се поправи неколку килограми“, „Премногу слаба … никој не може да биде убав кога е многу слаб. Инаку, убава жена“, „Убава и шармантна, но премногу слаба“, „Твоето тело треба да те плаши, многу си слаба … Воопшто не ти одговара“, „Селет жена“, беа само дел од коментарите.
Имаше и некои на англиски јазик во кои беше забележано „колку е нормално жената да ослабе кога има проблеми како оние на Ана“, меѓутоа, поранешната српска атлетичарка одлучи да молчи и не им придаде важност на злонамерните коментари.
Таа стави насмевка на лицето и како секоја храбра жена, оди напред самоуверено.