Виетнамскиот произведувач на електрични возила „VinFast“ извести речиси го дуплирал својот приход во 2023-та година и најавил дека планира за три пати да ја зголеми продажбата оваа година и да се прошири на индискиот и индонезискиот пазар. Приходот на „VinFast“ минатата година скокна за 91 процент, на 28.6 билиони виетнамски донги (1,2 милијарди долари).
Компанијата ја заклучила годината со бруто загуба од 13,2 билиони донги, 7,3 проценти поголема отколку во 2022-ра.
Во март 2023-та година компанијата почнала да го продава спортското теренско возило „VF8“ во САД, но сè уште се потпира на домашната побарувачка.
Во минатата година на клиентите им испорачале речиси 34.885 возила, речиси пет пати повеќе отколку во 2022-ра година, но помалку од планираното поради острата ценовна конкуренција и континуирано слабата побарувачка во одредени делови од светот.
Во 2024-та година планираат да испорачаат 100.000 возила. Во моментов градат фабрика во САД која би требало да започне со работа во 2025-та година, а планираат и ширење на индискиот и индонезискиот пазар.