Американскиот рапер Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (29) се појавија во јавноста во најбизарните изданија досега и повторно ja шокираа јавноста. Инаку, тие биле на пат кон музичко студио во Лос Анџелес кога папарацо фотографите ги забележале.
Ценсори носела проѕирен мантил со голем црн принт на него, но тоа не е детаљот кој на сите им привлече внимание. Сопругата на Вест не носела ништо под кабаницата, а ја искомбинирала само со високи црни чизми. И додека натписот ги сокривал нејзините голи гради, таа морала да ги крие препоните со рацете.

Од друга страна, Вест бил целосно облечен така што не било лесно да се препознае дека е тој. Раперот носел широко пончо под кое имало црна облека, а на лицето носел целосно црна маска.

Да потсетиме, Канје Вест веќе некое време го покрива лицето со маски. Тој пред неколку дена се појавил на кошаркарскиот натпревар на неговиот син Сент (8), носејќи морничава маска како онаа што ја носеше ликот Џејсон Ворхис од филмскиот хорор серијал „Петок тринаесетти“ („Friday the 13th“).