Португалецот, Кристијано Роналдо во натпреварот за својата репрезентација против Хрватска дојде до својот 900. гол во кариерата и 131. Во репрезентацијата.
По обврските кон Португалија, Роналдо се врати во својот клуб кој не пропушти да го одбележи неговото големо достигнување.
Пред натпреварот против Ал Ахли кој заврши без победник 1:1 клубот му подари дрес со бројката „900“ на кој пишуваше „GOAT“ (најдобар на сите времиња).
Исто така навивачите направија и фантастична кореографија во негова чест.