Home » [ФОТО] На “Табановце” уапсен Србин, шверцувал 47 папагали

[ФОТО] На “Табановце” уапсен Србин, шверцувал 47 папагали

by Журнал

Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава.

Имено, царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот се пронајдени кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што се соодветно згрижени, стои во соопштението од Царина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More