Елизабет Харли важи за една од најубавите актерки откако се појави на премиерата на филмот „Четири венчавки и погреб“ во средината на деведесеттите, рака под рака со нејзиното тогашно момче Хју Грант.
Елизабет Харли тогаш не беше ѕвезда, не беше ни позната, а бидејќи Хју Грант беше големо име во Холивуд, тоа беше повеќе од доволно сите погледи да се насочат во неа.
За тоа придонел и фустанот од Версаче кој го носела, а оттогаш таа стана се*с симбол и тој имиџ го задржа до ден-денес.
И на 59-годишна возраст, британската ѕвезда продолжува да ја одржува долго заработената слава како фатална убавица, а магазинот Maxim ја прогласи за број еден на нивната листа на 100 најсекси жени во светот.
По тој повод таа позираше за насловната страница, а за потребите на фотографиите решила да се соблече во бикини и позирала во базен, со сина машка кошула обвиткана над нејзиното голо тело, а имала само големо златно синџирче околу нејзиниот врат.
Актерката сподели и видео од сетот, кое докажува дека тоа е нејзината највозбудлива поза досега.
По тој повод даде и интервју во кое се осврна на својата кариера.
– Верувам дека најдобриот начин да изградите самодоверба е да се осигурате дека имате нешто вредно да понудите. Има моменти кога ќе се најдете во непријатни ситуации. Но, кога зборувам за нешто што знам, се чувствувам целосно самоуверено и мислам дека тоа е клучот. Најдете ја вашата комфорна зона без разлика што правите и откријте кои уникатни квалитети ги носите со себе. Истото важи и за тоа како се претставуваме. Елиминирајте го она што не ви се допаѓа, потенцирајте го она што ви се допаѓа и уживајте во моментот, изјавила познатата британска ѕвезда за „Maxim“.
Фото: Принтскрин/Instagram