Maкедонскиот фудбалер Бојан Миовски покажа одлични перформанси во минатото коло во дресот на Жирона во шпанското првенство.
Нашиот репрезентативец имаше два голови и една асистенција во победата на неговиот клуб против Еспањол (4:1).
Тоа беше доволно за Миовски да се најде во тимот на месецот во Ла Лига со оценка 7,50 според „WhoScored“.
Во идеалниот тим покрај Македонецот се најдоа уште тројца негови соиграчи А. Мартинез, М. Гутиерез и Б. Хил.
Во идеалниот тим има двајца играчи од Барселона, Д. Олмо и Рафиња, потоа двајца од Осасуна, С. Херера и А. Будимир, како и Н. Агуеро од Реал Сосиедад, К. Ленгле од Атлетико Мадрид и С. Коста од Мајорка.