Тјунинг компанијата „Mansory“ објави малку необични рендери – верувале или не, станува збор за летечки автомобил.
Тие напишале соопштение за медиумите во кое ја ревидирале 2023-та година, односно ги потсетиле своите фанови што се направиле, но и какви планови имаат за 2024-та.

Исто така дознаваме дека ќе направат неколку конверзии на премиум модели во оваа година, вклучувајќи „Rolls-Royce Spectre“, „Lamborghini Revuelto“ и „Ferrari Purosangue“.

Меѓутоа, тоа што на нам ни е многу поинтересно, е погледот во иднината, односно одделот во кој „Mansory“ го претставил рендерот на летечкиот автомобил.

„Никој не знае како ќе изгледа иднината. Едно е сигурно – ќе има автомобили и желба за подобрување по мерка“, напишале „Mansory“.
