Разорен пожар во Лос Анџелес (Лос Анџелес) ја пустоши луксузната населба Пацифик Палисадес, дом на бројни познати личности како Бен Афлек, Парис Хилтон, Харисон Форд и многу други. Шумскиот пожар, поттикнат од сувите услови и силните ветрови, уништи многу домови, додека илјадници луѓе беа евакуирани.
Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се меѓу евакуираните во пожарот во Лос Анџелес. Додека многу од куќите беа уништени, куќата на Хенкс за среќа остана недопрена, како што покажуваат најновите фотографии, пишува „Њујорк пост“.
Во своето обраќање тој им се заблагодари на пожарникарите и изрази солидарност со оние кои изгубија сѐ.
Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вислон ја купиле куќата вредна 26 милиони долари во 2010 година. Синот на актерската двојка, Чет Хенкс, кој вообичаено живее во Нешвил, вчера на Инстаграм напиша дека населбата во која пораснал гори до темел.
„Населбата во која пораснав гори до темел. Молете се за Палисадите“.
Том Хенкс, познат по својата хуманост и скромност, ја прифати православната вера во 1988 година, под влијание на неговата сопруга Рита, која има грчко потекло. Неговата духовна поврзаност со православието често била нагласена преку неговото учество во црковни и хуманитарни проекти.