Home » [ФОТО] Кели Кларксон откри како ослабела: Не го користела контроверзниот лек за кој се зборува во Холивуд

[ФОТО] Кели Кларксон откри како ослабела: Не го користела контроверзниот лек за кој се зборува во Холивуд

by Журнал

Американската пејачка Кели Кларксон неодамна откри диета со чија помош намалила значителен број килограми.

 

Имено, познатата пејачка одговорила на критиките дека го користи контроверзниот лек за дијабетес, за кој се зборува дека помага при слабеење. Многу експерти веруваат дека многу познати личности го користеле овој лек за да ги изгубат вишокот килограми.

 

 

 

Така, Кларксон ја припишува нејзината трансформација на вежбањето и диетата наречена „Plant Paradox Diet“ за која се залага лекарот Стивен Р. Гундри.

„Ослабев затоа што го слушав мојот доктор, а 90 проценти од времето навистина внимавав на исхраната бидејќи протеинската диета е добра за мене“, објаснила таа за медиумите.

 

 

 

41-годишната ѕвезда, исто така, призна дека преселувањето во нов дом во Њујорк и помогнало да остане поактивна. Исто така, таа тврди дека повремено си дозволува оброци кои се калорични за да може полесно да ја толерира диетата.

Сепак, ова не е првпат Кларксон да има проблеми со тежината. Пејачката уште во 2017 година призна дека и било тешко кога првпат изгубила голем број килограми.

 

 

 

„Кога бев многу слаба, сакав да се убијам. Бев мизерна, одвнатре и однадвор четири години од мојот живот, но никој не се грижеше за тоа бидејки таквиот изглед беше естетски најприфатлив“, изјавила таа тогаш за магазинот „Attitude“.

Нејзиниот нов начин на живот доаѓа и по бурниот период во нејзиниот приватен живот. Таа го реши нејзиниот спорен развод од Брендон Блексток во март 2022 година по жестоката борба за старателство над нивните деца и нивниот имот во Монтана.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More