Home » [ФОТО] Играчите на Реал добија нови автомобили: Еве што избраа Модриќ и тимот

[ФОТО] Играчите на Реал добија нови автомобили: Еве што избраа Модриќ и тимот

by Lina Muslija

Фудбалерите на Реал Мадрид го обновија возниот парк – добија нови “BMW” автомобили по свој избор.

Ова е трета сезона откако “BMW” е спонзор на Кралскиот клуб, а играчите на Реал Мадрид можеа да избираат од пет различни модели: “iX2”, “iX, i5”, “i7” и “XM”.

Најскапите модели ги избраа Лукас Васкез и Винисиус Јуниор – тие во иднина ќе го возат “BMW i7 M70 xDrive” кој чини 186.650 евра и има 659 коњски сили. Килијан Мбапе и Џуд Белингем го избраа “BMW XM”, кој вреди 179.000 евра и има 653 коњски сили.

 

Истиот модел го избраа и хрватскиот играч за врска Лука Модриќ, како и Родриго, Дани Карвахал, Тибо Куртоа, Дани Себаљос, Давид Алаба и Фран Гарсија.

Арда Гулер, Брахим Дијаз и Едер Милитао го избраа моделот “BMW i7 xDrive 60” кој има 544 коњски сили и чини 139.550 евра, а Андриј Лунин, Феде Валверде, Едуардо Камавинга и тренерот Карло Анчелоти го избраа “BMW i5 M60 xDrive” со 601 коњски сили во вредност од 114.450 евра.

 

Ендрик и Ферлан Менди одбраа “BMW iX xDrive50” вреден 108.650 евра, додека Хесус Ваљехо избра “BMW i5 xDrive 40” вреден 79.500 евра.

Најскромни во изборот на автомобили беа Антонио Ридигер и Орелиен Чуамени, кои го избраа “BMW iX2 xDrive30” вреден 58.550 евра.

 


You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk