Home » (ФОТО) ХАРИ СТАЈЛС ЈА ОТКРИ ТЕТОВАЖАТА НА НОГАТА Обожавателите велат дека е посветената на поранешната девојка Оливија

(ФОТО) ХАРИ СТАЈЛС ЈА ОТКРИ ТЕТОВАЖАТА НА НОГАТА Обожавателите велат дека е посветената на поранешната девојка Оливија

by Lina Muslija

Британската музичка ѕвезда Хари Стајлс (29) по долгата светска турнеја е на одмор во Италија. Во петокот беше фотографиран на брод во Болсена, а поради пократките гаќички за капење фотографите ја „уловиле“ и тетоважата на неговото бедро.

Британската музичка ѕвезда Хари Стајлс (29) по долгата светска турнеја е на одмор во Италија. Во петокот беше фотографиран на брод во Болсена, а поради пократките гаќички за капење фотографите ја „уловиле“ и тетоважата на неговото бедро.

Тетоважата гласи „Оливија“, а обожавателите веднаш се посомневаа дека тоа е посвета на поранешната девојка Оливија Вајлд (39). Откриле и нова тетоважа, зборот „colazione“ што на италијански значи појадок и исто така е испишана на неговата нога, а не е јасно дали има некаква врска помеѓу овие тетоважи.

Пејачот уживал на бродот со група пријатели, меѓу кои и водителот Џејмс Корден и моделот на „Викторијас Сикрет“, Жаклин Јаблонски.

Сепак, иако тетоважата веднаш привлече големо внимание, некои обожаватели сугерираат дека тоа е во чест на песната на „Уан дирекшн“ – „Olivia“ од нивниот албум од 2015 година, „Made in the A.M.“

Стајлс и Вајлд беа во врска од јануари 2021 година до ноември 2022 година, а за тоа време заедно го снимаа филмот „Не грижи се мила“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More