Убавата холивудска актерка Кетрин Зета Џонс го слави својот 55 роденден, а истиот ден се родил и нејзиниот славен сопруг Мајкл Даглас кој наполнил 80 години.
По тој повод, Кетрин на својот Инстаграм профил објавила стара фотографија на која позира целосно гола.
„Во роденденско одело! По повеќе од 25 години споделување родендени со мојот сопруг, снемав идеи за подароци. Овој подарок е опција два, топчињата за голф се опција прва, се разбира”, напишала таа под фотографијата на која позира во бањата пред огледало.
Таа додала и нивна заедничка фотографија.
„Среќен роденден на мене и Мајкл. Ова бевме ние на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце”, напишала таа.
Инаку, иако предвидуваа дека славната двојка нема долго да издржи поради разликата во години, тие го докажаа спротивното и важат за еден од најкомпатибилните парови во Холивуд.
Фото: Принтскрин/Instagram