Home » [ФОТО] Германскиот пожарникар го тетовирал целото тело: „Поради ветувањето кон мајка ми, нема да го тетовирам лицето“

[ФОТО] Германскиот пожарникар го тетовирал целото тело: „Поради ветувањето кон мајка ми, нема да го тетовирам лицето“

by Lina Muslija

Германскиот инфлуенсер и пожарникар, Фабиен Тиетјен (28) работи како модел, но сега има и свое актерско деби на една германска телевизија, каде што глуми пожарникар во серија. Тој е популарен на социјалните мрежи, на ТикТок го следат повеќе од 3.5 милиони луѓе, а на Инстаграм има повеќе од 640 илјади следбеници.

 

„Седум години работев како индустриски механичар и монтажер на дигалки. Кога го видов огласот за работа во пожарникарската служба добив идеја да се пријавам. Ја поминав обуката во професионалната пожарникарска единица, а потоа поминав три и пол години во пожарникарската единица“ вели Фабиен за „Bild“.

 

Вели дека нема да го тетовира лицето поради ветувањето кон мајка му

Често ги објавува своите фотографии на социјалните мрежи, а неговите фанови можат да ги видат и неговите тетоважи. „Пред пет години одлучив дека ќе ставам тетоважи на целото тело, но не на лицето, тоа ѝ го ветив на мајка ми“, изјави Фабиен и додаде дека неговата омилена тетоважа е онаа од родителите, сестра му и внука му.

 

Фабиен исто така призна дека болката при тетовирањето некогаш била неподнослива. „Тетоважите на мојот грб ги направив во текот на три дена и тоа еден по друг, но тоа не се препорачува. По тетовирањето имав температура, лежев в кревет во ембрион – положба и се надевав дека болката ќе престане“, призна Фавиен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk