Атрактивната Георгина Родригез, долгогодишната партнерка на Кристијано Роналдо, привлече море од коментари со нови фотографии во минијатурно црно бикини, на кои ги покажа своите луксузни облини.
Таа предизвика лавина од лајкови и коментари, но има и такви кои ја критикуваат затоа што неодамна позираше во хиџаб, а сега е полугола.
Георгина позираше во провокативна поза на песочна плажа во Дубаи, каде што ужива со пријателите, а веќе знаеме дека секогаш ги привлекува сите погледи, па нејзината објава за рекордно време собра милиони лајкови.
„Каков среќник е Роналдо…“, „Ти си како сирена“, „Совршена“… се дел од комплиментите кои ги добила, но бидејќи пред неколку дена при посетата на џамија објавила слики на кои е „закопчана“ од глава до пети, луѓето ѝ напишале: „Треба да се извини за фотографиите во бикини“, „Еден ден е во хиџаб, наредниот полугола. Роналдо кажи ѝ да се покрие“