Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со убедлива победа од 5:0 во дуелот против Молдавија ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство.
Троен стрелец на македонската селекција беше Настасја Накова додека по еднаш во листата на стрелците се впишаа Калина Попески и Ева Величковска.
На 12 март на терените на тренинг центарот Петар Милошевски, Македонија против Словенија ќе го игра мечот што ќе решава за првото место.
Почетокот е закажан за 11 часот.
ФОТО: Игор Паневски