Home » [ФОТО] Елегантна и брза како гром: Ова е најмоќниот седан на “Bentley” во историјата

[ФОТО] Елегантна и брза како гром: Ова е најмоќниот седан на “Bentley” во историјата

by Lina Muslija

Откако иконскиот “W12” мотор влезе во историјата, своето место го најде новиот хибриден “V8” со уште поголема моќност.

Овој погонски агрегат дебитираше на “Continental GT Speed” за 2025 година и сега ќе се најде под хаубата на новиот седан “Flying Spur”.

 

 

Тоа е најмоќниот седан што “Bentley” некогаш го направил. Неговиот нов хибриден погон со 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор и електрична асистенција нуди комбинирани 782 коњски сили и дури 1.000 Nm вртежен момент, победувајќи го досегашниот “W12” во секоја категорија.

 

 

 

Зголемувањето на моќноста е 19% во однос на претходниот модел, а зголемувањето на вртежниот момент е 11%.

 

 

 

На автомобилот му требаат само 3,5 секунди за да забрза од 0 до 100 км/ч – половина секунда побрзо од стариот автомобил.

 

 

 

До “V8” е уредно спакуван гореспоменатиот електромотор кој сам произведува 190 коњски сили и 450 Nm, додека батеријата има капацитет од 25,9 kWh.

 

 

 

“Flying Spur” има чисто електричен досег од 76 км, при брзина до 140 км/ч.

 

 

 

Во комбинација со бензинскиот мотор, вкупниот опсег е околу 830 километри.

 

 

 

“The Flying Spur” за 2025 година во салоните треба да се појави пред крајот на годината, а цената се очекува да биде над 200.000 евра.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk