Home » ФОТО | Даниела Мартиновиќ сосема го заборави Петар Грашо: Пејачката блеска покрај дечкото – инспектор

ФОТО | Даниела Мартиновиќ сосема го заборави Петар Грашо: Пејачката блеска покрај дечкото – инспектор

by Lina Muslija

Дека уживаат во нивната врска говори и тоа што двајцата не ја симнуваат насмевката од своите лица, па на социјалните мрежи се појави фотографија на која се среќни и насмеани.

Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ е среќна и вљубена во криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ.

Откако во март годинава во јавноста го претстави своето момче, пејачката не ја симнува насмевката од лицето.

Јосип не се одвојува од неа и секој слободен момент го користи за заедно да го поминат.

Даниела и нејзиниот сакан биле гости на прослава во Брежице, Словенија, на која присуствувала и водителката Мирна Марас, која на својот инстаграм-профил споделила дел од атмосферата.

Даниела Мартиновиќ и Јосип Плавиќ/ Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Мирна Марас

Пред вљубената двојка била поставена торта во форма на печење, која ги насмеала гостите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Мирна Марас

– Јосип и јас сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум многу добра во зборување, но навистина сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште – кратко изјавила Даниела.

Да потсетиме, Даниела Мартиновиќ пред Јосип беше во долгогодишна врска со хрватскиот пејач Петар Грашо, кој подоцна среќата ја најде покрај Хана Хуљиќ, со која љубовта ја круниса со брак, во кој ја добија ќерката Алба. А како љубовен епилог ја очекува Даниела, времето ќе покаже.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More