„Жешката“ Џеј Ло објави фотки на коиво прв план е нејзиното деколте и совршена става и експресно собра повеќе од два милиони лајкови.
Својот изглед Лопез го должи на добрите гени и редовното вежбање, а доказ за тоа е новата насловна страница на магазинот Rolling Stone.

„Ролинг Стоун, март 2022 година“, напиша атрактивната Џеј Ло со црно-белата насловна страница на магазинот што го објави на социјалните мрежи.

Лопез позираше во тесен темен комбинезон со долги ракави. Посебен ефект направија шлицовите на струкот, со кои таа одлично го истакна своето извајано тело.

