7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Formula1 објавен календарот за наредната сезона со рекордни 24 трки!

Најчитани вести

Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) го објави календарот за следната сезона во Formula 1, која вклучува рекордни 24 трки…

„Најбрзиот циркус“ започнува во март со трка во Бахреин, а крајот на сезоната е во ноември во Абу Даби, пренесуваат светските информативни агенции.

Шампионатот ќе започне со трка во Бахреин на 5 март претстојната 2023 година, по што ќе следуваат Големата награда на Саудиска Арабија (19 март) и ГН на Австралија (2 април).

Трката во Кина е закажана за 16 април, а во Азербејџан две недели подоцна. Трката во Мајами е на програмата на 7 мај, а Емилија Ромања на 21 мај.

Трката во Монако е закажана за 28 мај, 4 јуни е трката во Шпанија, а 14 дена подоцна е закажана и трката во Канада.

Во јули ќе се одржат четири трки. Трката во Австрија ќе се вози на 2 јули, 9 јули во Велика Британија, 23 јули во Унгарија и една недела потоа на патеката Спа Франкопан, во Белгија.

Шампионатот во Ф1 ќе продолжи по летната пауза на 27 август со трката во Холандија.

Потоа следува трка во Италија на 3 септември, потоа во Сингапур на 17 септември и во Јапонија седум дена подоцна.

Трката во Катар ќе се вози на 8 октомври, а во американскиот Остин на 22 октомври, додека во Мексико „големиот најбрз циркус“ ќе настапи една недела подоцна.

Трката во Бразил ќе се вози на 5 ноември, а во Лас Вегас во сабота на 18 ноември, додека финалето во F1 шампинатот ќе се вози во Абу Даби, осум дена подоцна.

„Присуството на 24 трки во календарот на F1 во 2023 година е дополнителен доказ за растот и привлечноста на спортот на глобално ниво.

Додавањето нови трки и задржувањето на традиционалните места покажува дека FIA добро управува со спортот. “, изјави претседателот на FIA, Мохамед Бен Сулaјем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести