Формирана е Меѓупартиската парламентарна група за следење на реформите од Берлинскиот процес и реформската агенда со која треба да се искористат парите од Планот за економски раст. Со ова се очекува да зајакне надзорната улога на Собранието за чекорите од пристапниот процес кон ЕУ.
Според политикологот Марко Трошановски, и покрај засилената активност на МВР, нема финализација на постапките поради застојот на реформите во судството и јавното обвинителство. Тој вели оти реформите мора да забрзаат.
За спроведување на реформите потребен е квалификуван кадар, кој засега не е доволен. Потребна е мотивација и привлекување нова квалификувана работна сила, вели Трошановски.