Заменик Министерот за здравство денеска формира стручна комисија за случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци. Андовоски потврди дека докторите кои ќе го истражуваат случајот се повикани веднаш да почнат со работа. Комисијата ќе треба да утврди дали имало лекарски пропуст во третманот на детето кое пред неколку дена почина на пат кон Детската клиника во Скопје, откако претходно било однесено во болницата во Кавадарци. Здравствениот инспекторат кој вршеше контрола не утврди пропусти во делот на нивните надлежности, но иницираше комисија која ќе го истражи и стручното работење на здравствените работници кои биле вклучени во лекувањето.
Семејството претходно обвини дека лекарите не доволно сериозно ја сфатиле состојбата на детето и побараа истрага за случајот од здравствените власти.